X
 13.08.2017

„Јутјуб“ станува социјална мрежа?


„Јутјуб“ станува социјална мрежа
(Фото: Getty images)


Апликацијата на „Јутјуб“ на паметните телефони наскоро ќе има мноштво нови опции, меѓу кои и опции за разговори (chat) и за споделување видеа со 30 пријатели.

На тој начин, практично, „Јутјуб“ се претвора во социјална мрежа од типот на „Фејсбук“. Тоа ќе овозможи поедноставно, брзо и позабавно споделување видеа на паметните телефони, се наведува на службениот блог на „Јутјуб“ и се додава дека опциите за споделување видеа преку другите апликации и натаму ќе останат достапни.

Оваа опција, инаку, им била претставена на мала група корисници уште во средината на минатата година, а бидејќи се покажала добра, наскоро би требало да биде достапна за целиот свет.

Според ова, ќе биде воведена и опција за заедничко гледање видеа, со што на корисниците „Јутјуб“ сака да им овозможи во реално време да го коментираат тоа што го гледаат. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk