X
 20.09.2019

Во светот се одржуваат демонстрации за климатските промени

Илјадници претежно млади луѓе излегоа на улиците во Австралија и во азископацифичките земји и ги почнаа глобалните протести со кои ги повикуваат светските лидери на Самитот на ОН за климатски промени да донесат итни мерки за да се спречи еколошка катастрофа.

Протести, кои ги иницира 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг, се планирани во околу 150 држави.

Целта е да се укаже на последиците од климатските промени врз планетата и да се упати барање до владите итно да се ограничат активностите што водат кон понатамошно загадување на животната средина.

Протестите ќе „кулминираат“ во Њујорк кога Тинберг, која веќе е номинирана за Нобелова награда поради својот активизам за климата, ќе предводи собир пред седиштето на ОН.

Грета Тунберг на „Твитер“ објави дека има огромен одѕив на демонстрантите во Австралија и напиша дека тие веќе поставиле стандарди кои ќе ги следат други млади луѓе што денеска ќе се соберат во Азија, Европа и во Африка.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk