Ова лето очекувајте да гледате повеќе ѕвезди на небото. Огромна ѕвезда во галаксијата М101, позната и како Пинвил, експлодирала, односно преминала во фаза на супернова. Светлината од експлозијата треба да биде видлива со месеци, дури и со помош на аматерски телескопи.
Суперновата првпат била забележана на 19 мај, а подоцна била потврдена со фотографии кои биле направени два дена пред да биде откриена.
- Од причини кои не ги разбираме целосно, масивните ѕвезди на некој начин се грчат на крајот од нивниот живот и ги исфрлаат надворешните слоеви во вселената - вели Енди Хауел, професор на Универзитетот во Калифорнија, во објава на „Твитер“.
Хауел објаснил дека е тешко да се фотографира ѕвезда во овој процес бидејќи поголемиот дел од нив се далеку или не се откриваат доволно бргу. Затоа, научниците треба да научат многу од оваа супернова.
Астрономите заклучиле дека експлозијата е супернова од вид 2, односно станува збор за масивна ѕвезда чие јадро одеднаш останува без енергија и не може да се бори против сопствената гравитација. Галаксијата во која се наоѓа суперновата се наоѓа на 21 милион светлосни години од нас, но експлозијата е најблиска супернова која била забележана во последните пет години.
Суперновата е видлива на небото, но повеќе корисници на интернет објавиле критики за сателитите кои го попречувале погледот на суперновата.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay