X
 25.01.2022 Наука

Откриена црна дупка што создава ѕвезди наместо да ги уништува

Сите црни дупки не се деструктивни како што мислиме, покажува ново истражување направено со помош на вселенскиот телескоп „Хабл“.

Научници од државниот универзитет во Монтана објавиле труд во кој покажуваат дека црна дупка во центарот на галаксијата Хенизе 2-10 го поттикнала раѓањето на нови ѕвезди. Откритието може да понуди увид во долгогодишна мистерија поврзана со фактот дека помалите галаксии имаат црни дупки кои се пропорционални со оние на поголемите галаксии.

Истражувачите што работеле на новиот труд очекуваат подетално истражување на црните дупки во малите галаксии во иднина за подобро да се разбере постоењето на големите црни дупки.

Во моментов постојат теории за создавањето на црните дупки, но ниту една не е докажана.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука