X
 09.09.2023 Забава

Мајкл Џексон затворил цел супермаркет за да пазари на раат

Иако ни се чини дека познатите личности имаат безгрижен живот и можат да си дозволат сѐ што сакаат, тоа не е сосема точно. Точно е дека можат да си дозволат јахта, приватен авион и вила со базен, но сепак не можат да живеат нормален живот како сите нас. Секогаш се под лупа на јавноста, папараците ги следат каде и да одат, а луѓето ги запираат на улица и бараат фотографија.

Така, познатиот пејач Мајкл Џексон еднаш решил да затвори цел супермаркет за да може нормално да пазари. Кога Џексон првпат се прославил со „Џексон 5“, му било тешко да ги прави работите што ги прават „нормалните“ луѓе. Меѓутоа, во овој случај, во 2003 година, тој добил можност да прошета низ супермаркет за да види што се нуди без да биде бркан од обожавателите.


Фото: Wikipedia

Иако супермаркетот бил затворен за него, во него имало луѓе, меѓу кои и вработените на Џексон, семејството и пријатели кои се собрале за да го направат пазарењето посебно искуство. Некои пријатели се облекле како вработени во продавницата, додека други лежерно купувале околу него во секојдневна облека.

Џексон открил дека често носел маска кога излегувал за да не биде препознаен бидејќи обожавателите постојано го застанувале за автограм или фотографија.


Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава