X
 30.06.2017 Наука

Креативните луѓе имаат силна логика?

За да го осигура своето преживување, човековиот мозок еволуирал за да избегне една работа: неизвесноста.

Неврологот Бо Лото, вели дека ако нашите предци се прашувале премногу долго дали одредена врева е знак дека се приближува предатор или не, тогаш ние не би биле сега овде. Нашите мозоци се насочени да носат брзи заклучоци и претпоставки.

Како што нашите мозоци еволуирале кон извесност и сигурност, истовремено сме се оддалечиле од креативноста – нема случајност, креативноста започнува со прашање, со неизвесност, не со сув одговор. Да се биде креативен, треба да се оттргнат милиони години од еволуција. Креативноста бара од нас да го направиме она што е најтешко: да ги преиспитуваме нашите претпоставки, да се сомневаме во она што веруваме дека е вистина. Тоа е единствениот начин да се гледа различно.

Ако мислите дека креативноста е хаотична и дива сила, размислете уште еднаш, вели Бо Лото. Само така изгледа кога се гледа од надвор. Мозокот не може да прави големи чекори, може да се движи линеарно преку менталните можности и способности. Кога креативна личност креира поврзаност помеѓу две работи кои за мозокот се толку далечни, тоа е случај на висока логика. Тие се движеле низ чекорите кои се невидливи за нас, можеби бидејќи се повеќе отворени и имаат добра пракса во преиспитувањето на сопствените претпоставки. Креативност е можеби, поразлична, софистицирана форма на логика.

Објаснувањето на Бо Лото за оваа тема подетално можете да го гледате на овој линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука