Добрата меморија е неопходна за развој на личноста на секој поединец. Таа се дефинира како способност за усвојување, задржување и користење на информациите. Без разлика дали сте ученик, студент или само сакате да ја подобрите меморијата, постојат некои мали трикови кои може да ви помогнат во тоа.
Повторување
Сите ја знаеме изреката „повторувањето е мајка на знаењето“. Важно е да знаете дека мозокот реагира на новитети, па повторувањето на нешто на поинаков начин или во различно време ќе ја зајакне меморијата. Можеме да запишеме факти што сакаме да ги запомниме или да повториме нечие име кога ќе го слушнеме првпат за полесно да го запаметиме.
Организација
Планот за дневни активности може да биде многу корисен кога имате голем број обврски во текот на денот. Важно е да се обидете да ги запомните фактите врз основа на полето на работа и приоритетите.
Визуализација
Една слика навистина вреди 1.000 зборови. Луѓето брзо се сеќаваат на нешто што е претставено на визуелен начин. Името ќе биде полесно да се запомни со соодветна визуелна асоцијација. На пример, можеме да поврземе дефиниција, важен датум или нечие име со посебна боја.
Сигнал
Ако имате проблем да се сетите на деталите за одреден настан, обидете се да се сетите на контекстот во кој се случил. Звукот може да ни помогне полесно да запомниме некој факт. Понекогаш ќе се сетиме на зборовите на песната само кога ќе ја слушнеме мелодијата. Звучните аларми можат да нѐ потсетат на многу работи, но и некои мали сигнали. На пример, украсната хартија може да нѐ потсети да купиме подарок.
Групирање
Групирањето факти може да ни помогне да запомниме број. Треба само да го групираме бројот, на пример, во две цифри. Оваа стратегија се заснова на организација и градење групи и ни помага да го прошириме капацитетот за краткорочна меморија. На пример, 15 важни географски факти можеме полесно да ги запомниме ако ги групираме по континент, регион, земја и област.
Извор:
Eklinika
Насловна фотографија: Freepik