X
 15.01.2017 Живот

Девојчињата прерано стануваат девојки

Меги Хамилтон, авторката на книгата „Што се случува со нашите девојчиња“, вели дека „прескокнувањето на детството“ преминало во општ тренд и таа загрижено им се обраќа на родителите, за да им го сврти вниманието и да им укаже дека ништо од тоа не е добро.

Девојчињата сега стануваат девојки на 10 години, тогаш започнуваат со депилации, со лакирање на ноктите, со нанесување кармин на усните. Уште во претшколска возраст сакаат да носат скапа гардероба, а од 15 години веќе се во „сериозни“ врски.

„Тие го прескокнуваат детството, а тоа им го скратува и природниот процес на созревање“, вели Хамилтон.

Нејзиниот заклучок е дека на девојчињата во позрелите години ништо нема да им биде интересно, бидејќи во добата кога би требало да играат со кукли, тие имаат ги имаат искусено сите работи кои некогаш биле резервирани за возрасните. А притоа останале длабоко незрели.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот