X
 15.01.2020 Живот

Што значи зголемената вредност на ЦРП

Дали да му се даде антибиотик на детето или не? Ова е најчестата дилема што ги мачи лекарите и родителите во зимскиот период кога се шират разни болести. Лекарите велат дека дури и детето да нема висока температура, во организмот може да се случува некоја бактериска инфекција што може сериозно да го загрози здравјето. Но, штета има и од џабе даден антибиотик. Во решавањето на дилемата, секако, најмногу може да помогне испитувањето на крвната слика. Но, во последно време, лекарите сѐ повеќе му веруваат на ЦРП - Ц реактивниот протеин (CRP), односно неговите вредности.

Детето има температура. Не трчајте веднаш на лекар

Но не секоја висока вредност на ЦРП значи дека веднаш треба да се даде антибиотик. Според д-р Лилјана Којиќ, специјалист педијатар, најважно е родителите да не трчаат на проверка на крвната слика на првиот ден со покачена температура кај детето.

– ЦРП почнува да расте кога се работи за бактериска инфекција, меѓу 6 и 9 часа по започнување на инфекцијата. Пикот е некаде околу вториот-третиот ден. Тогаш е највисока. Тоа нам ни служи за диференцијација на бактериска или вирусна инфекција. Ние, педијатрите, за тоа го користиме. Просто кажано, најголемиот број лаборатории имаат референтна граница 5 (горна граница). Мало покачување не е ништо. Но, може да биде и лажно ниско, ако прерано е земен примерок. Родителите знаат да истрчаат кај лекар неколку часа по инфекцијата, а тогаш е рано. Освен што детето нема доволно клинички симптоми, може да имаме и лажно добра крвна слика.

ЦРП не се качува од стрес кај децата, на пример, од земање крв и слично

Препорачувам да се оди на лекар барем 10-ина часа, идеално 24 часа по првите симптоми на болеста за да имаме јасна слика дали е бактерија или вирус. Високо ЦРП значи бактериска инфекција. На пример, ако е 30, речиси секогаш е во прашање бактериска инфекција. Инаку, ЦРП не се качува од стрес кај децата, на пример, од земање крв и слично – објаснува д-р Којиќ.

Таа ги праќа пациентите на испитување на ЦРП секогаш кога имаат знаци на инфекција, покачена телесна температура, кашлање, а особено ако се сомнева на инфекција на респираторен тракт. Но и кога детето има температура од непознато потекло. Нема симптоми, а има покачена температура.

– Сега, со испитување на ЦРП-то ни е многу полесно при давањето дијагноза. Бидејќи јас порано работев на Клиника, може да потврдам дека ЦРП се испитуваше уште пред 20 години, но факт е дека сега педијатрите сѐ почесто го користат за да добијат појасна слика. Само крвната слика не дава доволно податоци. Зголемени лимфоцити не секогаш значат бактериска инфекција. Тоа може да биде знак за дехидрираност, на пример. Тоа се лажно зголемени леукоцити. А ЦРП е реактант на рана фаза. Се зголемува кај сите воспаленија во организмот во раната фаза. Го имаме не само кај инфекции, туку и кај автоимуни заболувања, малигни заболувања. Но, кај децата секако дека најчесто се работи за некоја инфекција – вели д-р Којиќ.

Прочитајте повеќе на ДЕЦА.МК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот