X
 30.06.2018 Живот

Еве на кои локации во Грција сѐ уште не можете да се капете

Ситуацијата во местата во Грција што изминатите денови беа погодени од силното невреме постепено се нормализира. Сепак, на одредени плажи капењето сѐ уште не е возможно.

Последиците од потопот на Ситонија сѐ уште се видливи на одредени плажи, а поради нечистотиите, туристите се принудени да одат на други места за да уживаат на сонце.



Туристите сѐ уште не се капат на градските плажи во Никити, Метаморфозис и Ормос Панагијас бидејќи водата е матна. Затоа тие одат на околните плажи, и тоа не на сите. За среќа, Ситонија има многу плажи, па има и такви каде што водата е кристално чиста.

Туристите одат и до местата што не се погодени од невремето, како Неос Мармарис, Торони, Сарти или Каламици.

Фото: Sputnik

И додека багерите ги средуваат плажите, туристите уживаат во сончевото време. Во текот на овие денови се очекува топло и сончево време со температури од 30 Целзиусови степени.

Невремето што ја погоди Грција најголеми штети предизвика во Никити и во Ормос Панагијас.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот