X
 06.07.2022 Живот

Еве каде е најтопло, а каде најстудено морето во Грција

Едно од најчестите прашања за летувањето во Грција е каде е најтопло морето? Температурата на морето постојано се менува и зависи од многу фактори. Генерално, треба да се бара место во залив наместо на отворено море, а водата на островите најчесто е постудена, пишува „Грчка инфо“.

Според досегашните искуства на туристите, некои места може да се издвојат како сигурни локации доколку барате топла вода за капење.

Плажи со најтопло море

Областа Мандраки има три плажи со златен песок и тиркизно море. Ова е едно од местата со најтопло море во Грција. Се препорачуваат уште две плажи: Парадизо во Неос Мармарас и Ливари во Вурвуру.

Летувалишта со најтопло море

Неколку летувалишта се издвојуваат како места со најтопло море. Тоа се Скала Фурка, Паралија, Полихроно, Сарти, Аја Галини на Крит, Пилион, Переа и Неи Епиватес кај Солун.


Фото: Pixabay

Острови со најтопло море

Островите за кои се смета дека имаат плажи со најтопла вода се Амолјани, Евиа, Родос, Скопелос, Закинтос и Саронски Острови.

Каде е студено морето во Грција?

Треба да се знаат и местата што треба да се одбегнуваат. Според искуствата на туристите, островите Додеканези имаат постудена вода. Истото важи и за островот Хиос.

Туристите се согласуваат дека морето на Крф најчесто е топло, но плажата Палеокастрика има прилично студена вода.

Извор: Grcka info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот