Не постои тајна формула како да се живее долг и среќен живот. Но, постојат пет региони низ светот каде што очекуваниот животен век е многу подолг. Овие територии се наречени сини зони и се наоѓаат во Окинава, Јапонија; Сардинија, Италија; Никоја, Костарика; Икарија, Грција; и Лома Линда, Калифорнија.
Ден Бунтер, соработник на „Нешнл џиографик“ и најпродаван автор, е човекот кој стои зад концептот на сини зони. Во неодамнешно тик-ток видео, Буетнер известува од Икарија, мал грчки остров во близина на брегот на Турција. Според него, Икарија е една од најнеобичните сини зони.
Тој забележува дека во оваа заедница, географијата, културата, исхраната, начинот на живот и општиот поглед на животот се фактори што придонесуваат за релативно отсуство на ментални и физички болести.
Според Бунтер и неговиот тим, постојат девет специфични животни навики кои се заеднички за жителите на Икарија и луѓето што живеат во области со најголем животен век.
1. Природно движење во текот на денот
Дури и во старост, жителите на сината зона имаат активен животен стил. Наместо да седат или да одвојуваат време за вежбање, работните места и социјалните активности ги тераат да се движат по цел ден.
2. Јадат растителна храна
Исхраната во сините зони главно се состои од сезонски зеленчук, мешунки, цели зрна и јаткасти плодови. Се проценува дека 95 до 100 отсто од консумираната храна е растителна.
3. Имаат цел
Токму оваа цел е вашата причина за станување наутро и токму оваа цел ќе ве држи мотивирани до постара возраст.
4. Семејството и саканите се на прво место
Семејството е главен приоритет во сините зони. Во многу од овие култури старешините живеат со децата или внуците, а семејствата секојдневно се собираат и јадат заедно.
5. Уживаат во чаша црвено вино
Четири од пет сини зони вклучуваат умерено пиење во секојдневниот живот. Црвеното вино, кое има природни антиоксиданси, полифеноли и антоцијани, е вообичаен пијалак.
6. Престануваат да јадат кога се 80 отсто сити
Многу од жителите во сините зони одвојуваат време да јадат внимателно и да консумираат многу помали порции од оние што обично се служат во другите земји во светот.
7. Следат вера или религија
При првичното истражување на Бутнер за неговите две книги, тој интервјуира 263 стогодишници од петте сини зони. Само тројца од 263 не биле членови на заедница заснована на вера.
8. Лојалност кон заедницата
Поврзана и позитивно настроена заедница влијае врз менталното здравје. Истражувањето за сините зони покажа дека овие силни системи за поддршка имаат позитивно влијание и поттикнуваат здраво однесување.
9. Наоѓаат време за ослободување од стресот
Начинот на живот со низок стрес е вообичаен во сите региони во сините зони. Хроничниот стрес е сосема невообичаен кај жителите и тие тврдат дека тоа е поради комбинацијата на нивниот холистички здрав начин на живот.
Извор:
Matadornetwork.com
Фото:
Instagram