X
 14.07.2016 Образование

Начини на кои моите деца можат да ме манипулираат

Исто како родителите кога ги запознаваат своите деца и дознаваат што функционира подобро за нив и за нивното однесување, децата исто така ги знаат слабите точки на родителите. Односно, знаат што да кажат или да направат за да се извлечат од ситуацијата.


Знам дека тоа го правам, и тие знаат дека тоа го прават. Изгледа како таен јазик кој го зборуваме секој ден. Има некои работи кои моите деца ги прават, и се пронаѓам во неспособна ситуација да ги одбегнам овие работи. Станувам беспомошна мајка која целосно заборава да воспитува, посебно во специфични времиња:

1. Кога е време за спиење

Доколку сакаат да останат покасно од обично, тие го вклучуваат телевизискиот канал кој ме хипнотизира. Обично тоа е некој канал за дизајнирање или за преуредување на куќи. Но по неколку пати сфатив дека тоа им е „карта“ за останување касно навечер. Обично ќе се смешкаат еден на друг, и потоа еден од нив ќе почне да ми се гали и да игра со мојата коса. Знаат дека добиле уште еден час пред спиење.

2. Кога имам очајна потреба од кoфеин

Тие знаат дека ми треба доза од кофеин, па предлагаат да одиме до Мекдоналдс. Ја злоупотребуваат мојата „завист“ со предлагање да земат нешто од менито. И така, одеднаш се наоѓам во ситуација каде го пијам моето трето кафе, а децата купуваат сладоледи.

3. Кога сме во „Таргет“

Моите деца секогаш сакаат да купат нешто од „1 Долар“ делот во „Таргет“. Се обидувам да ги игнорирам но кога ќе спомнат понуда дека ќе добијам масажа на стапалата или рамењата, тогаш тоа ми звучи привлечно.

4. Откако се однесуваат како идиоти

Откако ќе ги искарам за неправилно однесување, моите деца расцветуваат во акција, и тие знаат како да расфрлаат комплименти наоколу како конфети. Ми кажуваат како сум убава и како треба да си се почестам себеси со чевлите кои ги гледам постојано во излогот. Поради некоја причина, ова секогаш прави да се чувствувам престрога кон нив.

5. Кога ми кажуваат дека се исплашени

Доколку моите деца се исплашени од нешто, јас се чувствувам ужасно и не сакам да ги оставам сами, како оној пат кога моето најстаро дете беше преплашено да се качи во автобус за прв пат. Но најчесто велат дека се исплашени како изговор да дојдат во дневната по милионити пат откако легнале во кревет.

6. Кога велат дека се болни

Ова обично се случува за време на вечера, посебно ако јадат нешто што не им се допаѓа. Порано ги терав да ја јадат храната, се додека еднаш мојата ќерка поврати во мојата уста откако ја натерав да ги изеде јајцата иако таа ми кажа дека не се чувствува добро.

7. Кога ми велат дека нешто ги боли

Обично морам да запрам се што правам за да видам што ги боли. Тоа е најчесто мала гребнатинка која и треба преврска за да престане да боли. Ова секогаш е проследено со барање сладолед кој магично ги лечи. Се надевам дека цело ова искуство има бенефиции за двете страни. Успеав да уживам во одредени успеси во мајчинството. Моите деца го четкаат мебелот и развиваат техники на масажа додека ја усовршенуваат уметноста на манипулација.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование