Проектот „Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи“ за сезоната 2020/2021 беше усвоен на денешната седница на Владата. Бројот на лица што ќе бидат опфатени со оваа бесплатна четиритипна вакцина против сезонски грип од 20.000, се зголемува на 60 илјади граѓани, стои во соопштението.
Овие граѓани се од следните ризични групи: возрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
фото: Pixabay