X
 23.09.2019 Живот

ОАЕ во 2022 година ќе ја добијат првата синагога

Изградбата на првата официјална синагога во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе почне следната година и ќе биде завршена во 2022, јавија локалните медиуми.

Синагогата ќе биде дел од мултиконфесионален комплекс во кој ќе бидат сместени и џамија и црква, а ќе биде завршен во 2022 година, објави весникот „Национал“ од Абу Даби.

Изградбата беше најавена во февруари, при посетата на папата Франциск на Емиратите, што беше прво патување на челник на Ватикан на Арапскиот Полуостров.

ОАЕ се промовираат како центар на толеранција и тврдат дека ја поддржуваат верската слобода и културната разноликост.

Обединетите Арапски Емирати немаат дипломатски односи со Израел иако израелски политичари постојано ја посетуваат земјата за да присуствуваат на меѓународни настани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот