X
 30.06.2021 Живот

Еве зошто на кучињата не треба да им се дава чоколадо

Многумина знаат дека на кучињата не треба да им се дава чоколадо, но малкумина знаат зошто. Станува збор за состојката теобромин, која се наоѓа во какаото, а која кучињата споро ја обработуваат. Затоа, таложењето на оваа супстанца во телото на кучето може да има штетни последици по нивното здравје.

Опасноста од чоколадото и штетата што може да му ја нанесе на кучето зависи од видот и количеството, но и од големината на кучето. Во големи количини, чоколадото и производите од какао може да предизвикаат штета, па дури и да бидат фатални за кучето, пишува „Екапија“.


Фото: Pixabay

Некои од симптомите на труење со теобромин се тресење на мускулите, напади, неправилна работа на срцето, внатрешно крварење, а во екстремни случаи и срцев удар.

Луѓето може лесно да го јадат и преработуваат теоброминот, но кучињата тоа го прават многу поспоро. Нема потреба од грижа доколку кучето изеде мало количество чоколадо бидејќо тоа веројатно само ќе предизвика вознемиреност во стомакот, но дури и тогаш се препорачува преглед од ветеринар за да се спречат потенцијални долготрајни последици.


Извор: Ekapija
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот