Запознајте го Арти - кучето што знае да чита

Запознајте го Арти - кучето што знае да чита

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите знаеме дека кучињата лесно учат разни трикови, но она што го прави еден млад златен ретривер, кој е на обука за куче-помошник, е навистина ретко.

Арти ги воодушеви социјалните мрежи со видео кое стана вирално, а на кое дресерот му покажува хартија со испечатени зборови, а Арти „чита“. Имено, дресерот го научи да препознава напишани команди, без да му каже ништо. Едноставно му ја покажува хартијата на која пишува, на пример „седни“ и Арти седнува.

Освен тоа, овој ретривер може да препознае уште три збора: легни, стани и зборувај. Оваа последна команда уште го мачи, па прво мора малку да размисли.

Watch on TikTok
Извор: Telegram.hr
Фото: Screenshot/Tiktok