X
 30.06.2023 Технологија

„Нетфликс“ планира да го понуди ужасното искуство од „Црно огледало“

„Тоа никогаш нема да се случи“, „Нема шанси“ - со вакви и слични коментари беше преплавен интернетот по гледањето на епизодата „Џоан е ужасна“, првата епизода од најновата сезона на „Црно огледало“.

Заплетот се врти околу Џоан, која ја глуми Ени Марфи, која навидум води нормален живот. Но, нејзиниот живот е превртен наопаку кога открива дека стриминг-платформата „Стримбери“, слична на „Нетфликс“, емитува серија наречена „Џоан е ужасна“, и токму оваа серија го користи нејзиниот вистински живот како заплет.

Но, како „Стримбери“ успеала да го направи тоа?

Во епизодата, кога Џоан се пријавува за стриминг-услугата, таа не ги прочитала правилата и условите за користење и ненамерно му дала дозвола на „Стримбери“ да го следи секое нејзино движење и да ги слуша нејзините разговори преку нејзините лични уреди.

И додека можноста ова да му се случи некому звучи страшно, „Нетфликс“ не мисли така. Популарната стриминг-платформа лансира две веб-страници: Streamberry.tv и You Are Awful.

Првата веб-страница го има истиот изглед и чувство на измислената стриминг-услуга во епизодата и содржи серија наречена „Ти си ужасен“ на главната страница, заедно со други популарни епизоди на „Црно огледало“. Откако ќе кликнете на „Ти си ужасен“, ви се отвора втората веб-страница, која од вас бара да поставите фотографија за да направите нов профил на „Стримбери“ и на крај да станете предмет на вашиот сопствен ужас во реалниот живот.

Пред да испратите селфи, веб-страницата ве предупредува дека вашата фотографија може да заврши на билборд, а корисниците мора да се согласат со тврдењето: „Нетфликс да ја искористи мојата слика за својата маркетинг-кампања“. „Нетфликс“ нуди и линк до документот за „Услови и правила“. Документот е внимателен потсетник за правата што Џоан ги дозволува во епизодата.

Епизодата на „Нетфликс“ е коментар кој се врти околу етиката на содржината генерирана од вештачката интелигенција.

Во епизодата „Стримбери“ користи квантен компјутер за да направи верзија со вештачка интелигенција на која било личност. Машината за вештачка интелигенција, наречена „Куампјутер“, има неколку нивоа на симулација во фиктивниот свет. Дури кога ќе стигнеме до крајот на епизодата, сфаќаме дека има голем пресврт на заплетот.


Извор: Interestingengineering.com
Фото: Streamberry/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија