X
 30.07.2019 Наука

Ги искористивме сите ресурси на Земјата за оваа година, а уште е јули

Во 2016 година, на 8 август ја имавме искористено годишната вредност на ресурсите на Земјата. Сега, три години подоцна, ги искористивме ресурсите на Земјата многу порано.

Секоја година, ние го искористуваме овој еколошки буџет сè порано и порано, а со сегашната стапка на искористување на ресурсите ќе ни бидат потребни 1,75 планети за поддршка на нашите потреби од екосистемот на Земјата.

Пресметките вклучуваат ресурси како што се количество на вода, земјиште, риби и шуми што ги користиме како и колку СО2 пумпаме во атмосферата - во основа, мерка за нашето еколошко влијание.

1
Фото: Global Footprint Network

Нашиот јаглероден отпечаток е сега 60 отсто од вкупниот глобален еколошки отпечаток. Пред 70-тите, користењето на нашите ресурси остана во границите на она што може да го произведе нашата планета - во 1961 година, искористивме само три четвртини од нашите годишни ресурси. Но, оттогаш, нашите ресурси излегоа од контрола.

- Имаме само една Земја - ова е дефинирачкиот контекст за човековото постоење. Не можеме да користиме 1,75 без деструктивни последици - вели Матис Вакернагел, основач на „Глобал футпринт нетворк“.

2
Фото: Global Footprint Network

Во последно време, овие последици стануваат застрашувачки јасни. Минатата недела светот се соочи со страшни топлотни бранови, масовно уништување на живеалиштата и загуба на цел глечер.

Се разбира, не сите земји се еднакви кога станува збор за користење на ресурсите. Можете да проверите колку брзо ги користиме нашите ресурси, ако секој живее како што живеете вие.

Додека правиме мали чекори за намалување на нашите влијанија, како на пример Обединетото Кралство успеа да помине 6 деца без согорување на СО2, и понатаму нè чека долг пат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука