X
 12.01.2017 Наука

Како Земјата би изгледала ако ледените површини би се стопиле?

Климатските промени не се пријатни: поплави, суши, шумски пожари. Трилиони долари потребно е да се плати за цела штета. Ако ги земеме во предвид двете места на Земјата со најголема покриеност со мраз, Антарктикот и Гренланд, на површина од 15милиони квадратни километри, тогаш, да зборуваме за многу мраз. Но што ако тоа еден ден го снема. не да исчезне, туку да се стопи?

Ако цел мраз од Земјата се стопи тоа накратко кажано ќе биде катастрофа. Видеото од „Бизнис инсајдер сајнс“, кое можете да го видете подолу опишува како нашите крајбрежја би изгледале ако ледените површини на Земјата се стопат. Многу европски градови како Брисел и Венеција ќе бидат под вода. Во Африка и Блискиот Исток? Дакар, Акра, Џеда, ќе ги нема.

Милиони луѓе во Азија, во градовите како Мумбаи, Пекинг и Токио, ќе бидат протерани и ќе бидат принудени да се движат во внатрешноста. Јужна Америка ќе се збогува со градовите како Рио де Жанеиро и Буенос Аирес. А во САД, местата како Хјустон, Сан Франциско, Њујорк, да не зборуваме за целата држава Флорида, полека ќе исчезнат во морето.

„Бизнис Инсајдер“ ги заснова овие визуелизации врз проценката на „Нешнл џиографик“ дека нивото на морето ќе се зголеми на 216 стапки, ако цел мраз на Земјата се стопи во океаните. Постои дури и алатка каде може да видите детален поглед како вашата заедница би била погодена од порастот на нивото на морето.

Голем дел од најнаселените региони во Америка ќе бидат сериозно погодени од порастот на нивото на морето, како што може да забележите доколку ја истражувате мапата, креирана од Алекс Тингл, кој ги искористил податоците обезбедени од НАСА. Како што продолжуваме да ги гориме фосилните горива за енергија се ослободува јаглерод во нашата атмосфера, а Планетата станува потопла и потопла и тоа значи топење на мразот.

Студија објавена минатиот септември од страна на истражувачите во САД, Велика Британија и Германија, покажа дека ако ние не ги смениме нашите начини, ресурсите на фосилни горива кои ни се на располагање, целосно ќе го стопат мразот на Антарктикот.

„Тоа нема да се случи преку ноќ, но треба да имаме на ум дека нашите акции денес го менуваат лицето на планетата Земја како што го знаеме и ќе продолжи тоа за десетици илјади години“- вели водечкиот автор на студијата, Рикарда Винкелман, од „Потсдам Институтот за истражување на влијанието на климата“.

„Ако сакаме да го спречиме тоа ние треба да се држиме до јагленот, гасот и нафтата во земјата“-додава таа. Добрата вест? Поголемиот дел од нашите крајбрежја сé уште се непроменети! И тие може да останат на тој начин ако дејствуваме сега.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука