X
 09.03.2024 Наука

Научниците откриваат дали озлогласениот астероид наречен „Богот на хаосот“ ќе удри во Земјата

Научниците внимателно ја разгледале можноста астероидот наречен „Богот на хаосот“ да удри во Земјата. Иако е многу малку веројатно, постои можност да се најдеме во сценариото на филмот „Не гледај горе“. 

Научниците дошле до интересни теории.

Претходно се предвидувало дека астероидот Апофис ќе помине блиску до Земјата во 2029 година, односно во 2036 година. Оттогаш научниците можеле да утврдат дека Апофис ќе помине на 40.000 километри од Земјата, што е многу блиску во вселенска смисла. Сепак, нема да ја погоди Земјата.

Но, друга студија ја истражувала можноста дека нешто може да влијае врз траекторијата на Апофис и да го насочи кон судир. Коавторот на студијата Бенџамин Хајат, студент на додипломски студии на Универзитетот во Ватерло, ја коментирал оваа можност.

- Со оглед на тоа колку блиску ќе помине Апофис до Земјата, постои можен ризик дека отстапувањето од неговата сегашна патека може да го доближи Апофис до судир со нас. Теоретски, друг астероид кој ќе се судри со Апофис може да предизвика такво отстапување, што нѐ мотивира да го проучуваме ова сценарио, колку и да е малку веројатно - истакнал тој.

Професорот Пол Вигерт, исто така, бил вклучен во студијата и објаснил:

- Ги пресметавме траекториите на сите познати астероиди користејќи детална компјутерска симулација на нашиот Сончев Систем и беше проценета можноста за таков неверојатен настан. За среќа, не се очекуваат такви судири.

Иако Апофис повеќе не е на масата како предвесник на уништувањето на човештвото, тој продолжува да се проучува. Земањето примероци од астероиди може да биде одличен начин да се дознае повеќе за историјата на Сончевиот Систем.


- Астероидот Апофис нè фасцинира од неговото откритие во 2004 година: тој беше првата веродостојна закана од астероид за нашата планета. Дури и сега кога знаеме дека сигурно нема да претставува закана за нас, астрономите остануваат будни. Тоа е астероид што едноставно не можеме да престанеме да го гледаме – заклучил проф. Вигерт, кој е член на Институтот за истражување на Земјата и вселената.

Извор: Klik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука