X
 30.07.2023 Наука

Печурките комуницираат меѓу себе по дожд

Некои печурки комуницираат со подземни електрични сигнали по дожд. Ова откритие било направено од страна на јапонски научници кои набљудувале мали печурки што растат во шума во научниот центар „Каватаби филд“ при Универзитетот „Тохоку“.

Станува збор за таканаречени двобојни печурки кои, баш како и птиците и инсектите, по дожд произведувале одредени звуци. Поголемиот дел од овие печурки живеат во симбиоза со некои дрвја и билки така што им овозможуваат подобро да се снабдат со вода и хранливи материи, а за возврат земаат јаглехидрати од нив. Претходни студии покажале дека дрвјата може да се хранат со животни со помош на печурките. Дуото ги намамува инсектите, ги убива со отров, а потоа габите го делат животинскиот азот со дрвјата.

Многу експерти веруваат дека цели шуми можат да комуницираат преку хемиски сигнали кои патуваат по корените на дрвјата и габите. Претходни студии покажале дека габите произведуваат сигнали како одговор на промените во нивната околина, што сугерира дека овие сигнали може да претставуваат форма на комуникација.


Фото: Pixabay

Во 2022 година научниците откриле модели на електрична активност кај некои печурки што може да се споредат со структурата на човечкиот говор. Во истражувањето, тие идентификувале до 50 различни „збора“ или електрични сигнали генерирани од печурките.

Во новото истражување научниците прицврстиле електроди на група печурки кои растеле во шумата. Тие ги следеле електричните сигнали на печурките кон крајот на септември и почетокот на октомври 2021 година.

Печурките првично биле во сончево и суво опкружување, додека не се појавил тајфун на 1 октомври. Час или два по врнежите печурките почнале да покажуваат нови знаци на активност, забележале научниците.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука