Кога ќе помислиме на северната паралела позната и како Арктичкиот круг, обично замислуваме свет покриен со снег, темнина и екстремно ниски температури.
Иако оваа претстава за оваа област е прилично точна, постои еден исклучок познат како „аномалија“ на Арктичкиот Круг - тоа се Лофотските острови, познати и како Лофотен.
И покрај нивната локација во внатрешноста на Арктичкиот круг, температурите на Лофотен ретко паѓаат под нулата. Како резултат на мешањето на Голфската струја со двете струи, Североатлантската и Норвешката, времето во Лофотен е невообичаено топло, а некои градови имаат просечна годишна температура над точката на замрзнување.
Линк до галеријата.