X
 30.07.2023 Наука

Зошто некои луѓе можат да го помирисаат дождот пред да пристигне?

Дали некогаш можете да го помирисате дождот пред да пристигне? Очигледно има цела наука зад овој феномен.

Овој мирис се нарекува петрикор. Џеф Вебер, метеоролог, објаснува дека мирисот е предизвикан од маслата во растенијата, првенствено лисјата, кои се акумулираат за време на суви периоди. Овие масла се таложат во почвите или на тротоарите со текот на времето и се ослободуваат во атмосферата кога врне дожд.

Според експертите, некои луѓе може да го помирисаат овој мирис и пред дождот бидејќи дел од оваа арома се ослободува и поради повисоката влажност што му претходи на дождот. Сепак, оваа арома е најсилна за време на врнежите.

Пред да врне дожд, некои луѓе може да го помирисаат и озонот, кој се јавува природно во атмосферата и може да биде предзнак за невреме.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука