Страшно невреме предизвика големи штети во Црномиље, Словенија, а можеби најголемата им беше нанесена на автомобилите.
За да се сфати колку било страшно невремето, доволно е да се погледнат само неколку фотографии и да се видат автомобилите чии прозорци се уништени од големиот град кој паѓал.
Фото: Vecernji
На „Фејсбук“ се споделуваа фотографии и снимки на кои можеше да се види како на автомобилите со словенечки регистарски таблички целосно им се искршени прозорците, фаровите, кровните прозорци...
Фото: Vecernji
Како да станува збор за гранати.
Фото: Vecernji
Митко Блатник, кој објави неколку фотографии, истакна дека град паѓало меѓу 15 и 20 минути и дека бил со големина од осум до десет сантиметри.
Силен дожд врнеше и на подрачјето на Риека, што предизвика поплавување на улиците во
градот.