Времето може да биде навистина непредвидливо, но сепак луѓето се обидуваат да постават временска прогноза и да очекуваат одредени настани поврзани со промените во временските услови. Но, некогаш работите можат да станат навистина чудни. Тука станува збор за најчудните временски феномени на кои луѓето некогаш сведочеле.
Крв, жаби и инсекти
Крвав дожд - Најсвеж пример за ваков дожд доаѓа од 2001 година, кога врнело во Керала во Индија. Некои дури сметале дека се работи за вонземјанска инвазија. Подоцнежните анализи покажале дека црвена алга била одговорна за ваквиот дожд.
Дожд од жаби – Најчесто се појавувал во Велика Британија. Во 1996 година во Велс, а во 1998 во Лондон. Арканзас бил погоден од дожд на црни птици, а во Италија гулаби. Најчудна појава имало во Хондурас. Секоја година, во мај или јуни, во селото Јоро се слави годишна бура со која на улиците има остатоци од голем број риби. Научниците не се сигурни за што станува збор, но според една теорија изгледа дека торнадата или други бури ги расфрлаат животните на различни локации.
Инсекти – Безброј инсекти на небото е навистина застрашувачка глетка. Не достигнуваат непредвидлива брзина и не предизвикуваат долготрајна штета, но сепак се навистина чуден феномен. Се смета дека топлите точки на земјата ги оттурнуваат нагоре во воздухот.
„Ѕвездено желе“
Во 1994 година во мал град во Вашингтон, наместо дожд врнеле делчиња од некаква желатинска маса. Се открило дека се работи за материја со некакви клетки, но не се идентификувало какви. Некои сметале дека тоа се остатоци од медузи, разнесени заради силни дупчења во океанот. Или пак, дека се работи за мистериозна супстанца наречена ѕвездено желе. Приказните за оваа материја потекнуваат дури од 14 век, кога се верувало дека се остатоци на земјата од метеорски
дожд. Што не е вистина. Некои мислат и дека се работи за лигав материјал кој се појавува во тревата, но сепак се се сведува само на теории.