X
 30.07.2024 Живот

Сребро и бронза за македонските средношколци на 56. Меѓународна олимпијада по хемија

Македонските средношколци освоија два медала на 56. Меѓународна олимпијада по хемија, која се одржа во Ријад, Саудиска Арабија.

Од Сојузот на хемичари соопштија дека Петар Мирчевски, ученик во СОУ „Мирче Ацев“ во Прилеп, освоил сребрен, додека Марио Ванчоски, ученик во СОУ „Славчо Стојменски“ во Штип, освоил бронзен медал.

На олимпијадата учествуваа и Иван Костевски, ученик во СОУ „Славчо Стојменски“ во Штип и Елена Живаљевиќ, ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.

Фото: Сојуз на хемичари

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот