X
 15.07.2022 Живот

Македонските математичари освоија 4 медали на Интернационалната математичка олимпијада во Осло

Македонските математичари освоија два сребрени, два златни медали и две пофалници на 63. Интернационална математичка олимпијада во Осло, Норвешка.

Од Сојузот на математичари соопштија дека Никола Спировски и Дамјан Давков освоиле сребрени медали, Блаже Суклевски и Јан Стојановски освоиле бронзени медали, а Алексеј Тасиќ и Јасна Илиева освоиле пофалници.

Колку за потсетување, ова се средношколци кои од 6 до 16 јули учествуваат на ИМО во Осло под водство на Илија Јовчевски од ПМФ и заменик-водачот Мирко Петрушевски од Машински факултет.

Фото: СММ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот