Окланд е модерен град со бројни компании и финансиски центри и претставува еден од најважните светски научни центри со популација од околу 1.4 милиони жители (31% од популацијата во целата земја), и е најголем и најнаселен град во Нов Зеланд - и покрај тоа што лежи на вулканско поле кое содржи најмалку 53 вулкани.
Овие вулкани се одговорни за околу 90 ерупции во последните 90.000 години, а никој со сигурност не може да каже кога ќе се случи следниот. Градот буквално е „hot spot“ за жешка магма која се наоѓа под површината на Земјата. На секои неколку стотина или илјада години оваа магма го пронаоѓа својот пат кон површината и во процесот создава нов кратер на територијата на Окланд. Последниот пат кога се случи тоа, пред околу 600 години, било уништено цело маорско население, а вулканот позади себе оставил 6 километри широк остров - Рангитото.
Окланд е единствен град во светот изграден на базалтно вулканско подрачје кое се`уште е активно. Ако се случи ерупција, а се` упатува на тоа дека ќе се случи, последиците ќе бидат катастрофални.
За среќа, вулканите во Окланд се мали во однос на поголемиот дел светски вулкани. Вкупниот волумен на сите материјал од овие 50-тина вулкани се еднакви на една просечна ерупција како онаа што се случила во 1980 година на планината Св.Хеленс, во Вашингтон, Америка. Причината зошто овој регион има толку помали вулкани е поради моногенетичкото вулканско поле, што значи дека секоја ерупција се случува на нова локација, наместо да се активира некој постоечки вулкан. Поради тоа е и невозможно да се предвиди каде ќе се случи следниот. За работите да бидат полоши, магамата се движи низ земјината кора толку брзо (околу 5 километри на час), што остава малку време за предвидување и евакуација.