Сер Кен Робинсон беше познат едукатор чиј инспиративен ТЕД-говор за образованието е еден од најпознатите и најгледаните. Поголем дел од животот го поминал патувајќи низ светот и советувајќи ги владите за образованието. Освен тоа, Робинсон напишал и две книги што станаа бестселери.
Неговиот ТЕД-говор од 2006 година „Дали училиштата ја убиваат креативноста?“ е можеби најгледаниот на сите времиња.
Очигледно знаел за што зборува и открил начин да се поврзе со публиката со неговите зборови и мисли. Ова се некои од најдобрите цитати за образованието и креативноста.
- Ако не сте подготвени да направите грешка, никогаш нема да создадете нешто оригинално.
- Креативноста е важна колку писменоста.
- Мора да признаеме дека цветањето на човекот не е механички процес; тоа е органски процес. И не можете да го предвидите исходот од човековиот развој. Сè што можете да направите, како земјоделец, е да создадете услови со кои ќе го поттикнете цветањето.
- За повеќето од нас проблемот не е што имаме високи цели и потоа не успеваме, туку спротивното - имаме многу ниски цели и успеваме.
- Имагинацијата е извор на секоја форма на човечко достигнување. И јас верувам дека систематски го загрозуваме начинот на кој ги едуцираме нашите деца.
- Ние ги стигматизираме грешките. И сега водиме национални образовни системи каде што грешките се најлошото нешто што можете да го направите - резултатот е што ние ги едуцираме луѓето надвор од нивните креативни капацитети.
- Човечките ресурси се како природни ресурси; честопати се закопани длабоко. Треба да ги барате, тие не лежат на површината. Треба да создадете околности каде што тие сами ќе се покажат.
- Најдобриот доказ за човековата креативност е нашиот пат низ животот. Ние ги создаваме нашите животи. И оваа моќ на креативност, манифестирана на сите начини на кои работат човечките суштества, е во срцето на она што е да се биде човечко суштество.
- Факт е дека со оглед на предизвиците со кои се соочуваме, образованието не треба да се реформира - треба да се трансформира. Клучот за оваа трансформација не е да се стандардизира образованието, туку да се персонализира, да се изгради достигнување со помош на индивидуалните таленти на секое дете, да се стават учениците во средина каде што ќе сакаат да учат и каде што ќе можат природно да ги откријат нивните вистински страсти.
- Љубопитноста е моторот на достигнувањето.
- Улогата на креативниот лидер не е да ги има сите идеи, туку да создаде култура каде што секој ќе има идеи и ќе се чувствува дека вреди.
- Она што го правиш за себе умира со тебе тогаш кога ќе го напуштиш овој свет; она што го правиш за другите - живее засекогаш.
- Учењето се случува во умот и душата, а не во тестовите со повеќекратен избор.
Фото: Screenshot/YouTube