X
 30.08.2021 Образование

МОН: Утре истекува рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Утре истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и на приватните универзитети во државата. Ги повикуваме тековните студенти да го завршат пријавувањето, за да може првата уплата во износ од 2.400 денари да ја добијат на почетокот од октомври годинава. Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние што не го запишале летниот семестар.

Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk и е многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето, односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Според процените на МОН, очекуваме ова право да го искористат околу 40.000 студенти.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование