Од моментот кога ќе се поврзете на интернет, без разлика дали тоа го правите преку телефон или компјутер, некој ве следи. Меѓутоа, има начини на кои може да дознаете зошто некој ги следи вашите пребарувања и како.
Кој може да ве следи на интернет и зошто?
Одредени веб-страници се поврзани со социјалните мрежи и платформите за анализа и тие имаат цел да дознаат повеќе за посетителите на овие платформи.
Меѓутоа, поголемиот дел од кодовите со кои може да се следи однесувањето на интернет на корисниците се поврзани со мрежи за рекламирање кои собираат информации за вашите навики и ви презентираат реклами врз основа на вашите претходни пребарувања. Ваквите кодови се причината зошто на веб-страниците ви се појавуваат токму такви чевли какви што баравте.
Џереми Тилман, претседател на „
Гостери“ (Ghostery), алатка за идентификување онлајн-следачи, вели дека ваквите следачи се најопасни. Едноставно кажано, овие следачи ги крадат вашите податоци од пребарувањето за подоцна да ви ги продадат во облик на производ или услуга, вели тој. Овие кодови може и да влијаат врз брзината на вчитувањето на веб-страниците.
Фото: Pixabay
Како да ги следите „следачите“?
Една алатка за стопирање на онлајн-следачите е претходно споменатата „Гостери“, која е наставка за прелистувач која покажува колку кодови за следење има на веб-страницата што ја посетувате. Алатката автоматски ги блокира повеќето вакви кодови, а за некои од нив треба дополнителен клик на алатката.
„
Прајваси беџр“ (Privacy Badger) е друга алатка за прелистувач која покажува колку кодови за следење има на секоја веб-страница и нуди опција за нивно блокирање. Алатката, исто така, известува за поагресивните кодови што ве следат на повеќе веб-страници.
Помеѓу следачите, со алатките ќе препознаете некои од големите технолошки компании како „Фејсбук“ и „Амазон“, но и помалку познати имиња како „Критео“ и „Акамаи“. „Гостери“ дава информации за овие компании.
Дополнително пребарување на истите може да ви даде повеќе информации за компаниите, но Тилман открива дека повеќето од овие непознати компании е невозможно да се пронајдат.
Друга алатка што може да ви помогне да најдете повеќе информации за следачите е „
Блеклајт“ (Blacklight), која дава детална листа на сите кодови за следење на веб-страницата што ја посетувате.
Автор: Дејвид Нилд
Извор:
popsci.com