X
 02.12.2016 Култура

Најпосакуваните европски дестинации за годинашните божиќни празници


Како што се наближуваат божиќните и новогодишните празници, расположението расте и желбите за патување повторно се „на маса“... Ѕвончиња, елки, печени костени и варено вино... Празници се ближат!
Овие се најпосакуваните европски дестинции за божиќните празници годинава:

1.    Прага, Чешка

Празнична Прага

Град што секогаш е прекрасен, а во овој период од годината е неодолив. Можете да ја истражувате готската и барокната архитектура на  градот на Франц Кафка, да ги посетите  божиќните саеми низ градските плоштади или пак да си дозволите прошетка покрај Влтава.

2.    Цирих, Швајцарија

За време на празниците, Цирих сјае во најразлични бои, звуци и мириси. Земете топло чоколадо или варено вино, посетете ги галериите на Рамиштрасе или слушнете еден од многубројните концерти што се одржуваат на отворено.

3.    Рејкјавик, Исланд

Снежен Рејкјавик

Главниот град на Исланд можеби ќе ви изгледа депресивно во овој период од годината, со оглед дека денот трае само четири часа. Сепак, Рејкјавик секогаш е атрактивен, впрочем како и цел Исланд. Доколку се заморите од градот, на располагање ви се многу можности: разгледување на островите, потрага по гејзери, набљудување на китовите...

4.    Единбург, Шкотска

Единбург ноќе

Градот на велосипедските патеки и на рестораните со Мишелинови ѕвездички, е одлична опција за патување за време на божиќните празници. Огнометите од единбуршкиот дворец и многубројните театарски претстави на улиците се една од причините за посета на овој град. Се разбира, сè е раскошно украсено, и во овој период градот е преполн!

5.    Малме, Шведска

Во овој шведски град, што е блескав пример на комбинација од стара и нова архитектура, навистина е убаво да се дочека Божиќ. Театри, саеми, мирис на варено вино, прекрасен декор... За сечиј вкус!

6.    Венеција, Италија

Градот на вода е волшебен во секој период од годината, кога и да го посетите. Мали куќички кои нудат храна се насекаде во градот, раскошен декор што отсјајува во каналите низ градот... како од бајка.

7.    Виена, Австрија
Главниот град на Австрија е надалеку познат по божиќното расположение, а улиците се преполни со штандови на кои можете да најдете сè што е поврзано со празниците.  Разбирливо, во овој период се организираат и неколку концерти на виенските момчиња. Впрочем, не е случајност што Виена со години е прогласувана за најдобра празнична дестинација.

8.    Минхен, Германија

Минхен

Божиќ во главниот град на Баварија носи неколку саеми  и забава по градските улици. Постојано нешто се случува, а пиењето варено вино и вкусните колбаси на Мариенплац се неодминлив дел од градот. Исто така секој ден (сè до Божиќ) на балконот на градското собрание во 17:30 часот се пеат божиќни песни.

9.    Амстердам, Холандија

Амстердам

Легендата за Дедо Мраз сè уште е жива во главниот град на Холандија, така што многуте куќички кои датираат од 16 и 17 век, се украсуваат со сијалички уште од почетокот на декември. Се разбира, забавата е насекаде во градот, а велосипедот и понатаму е главно превозно средство и покрај ниските температури.

10.    Прованса, Франција

Препораката за крај не е град, туку цел француски регион. Зимата во Прованса изгледа како од бајка. Музиката од средновековните цркви се разлева насекаде, а на штандовите низ градовите, покрај вареното вино се служи и foie gras – прочуената паштета од гускин џигер.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура