X
 29.07.2023 Живот

Базен во Чиле е голем колку 6.000 стандардни базени

Хотелскиот комплекс „Сан Алфонсо де Мар“ во Чиле го има еден од најголемите базени во светот. Базенот бил изграден од компанијата „Кристал лагунс“, а тој повеќе личи на езеро отколку на базен.

Се простира на површина од околу 8 хектари, а има 250.000 кубни метри филтрирана вода од Тихиот Океан. Базенот бил најголем во светот до 2015 година, a е многу популарен и денес.



Максималната длабочина на базенот е 3,5 метри, па затоа во него може и да се скија и да се нурка. Базенот е голем колку 6.000 стандардни базени. Температурата на водата секогаш изнесува 26 Целзиусови степени, така што капењето во него е удобно.



Тој бил отворен во 2006 година по петгодишна изградба. Инвестицијата чинела помеѓу 1,5 и 2 милијарди долари.



Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот