X
 30.11.2016 Наука

Според невролозите, слободната волја е илузија

Писателот и есеистот Ц.С.Луис во „The Case for Christianity“ тврди дека Бог ги создал луѓето со слободна волја.

Тоа значи дека суштества кои можат да згрешат и да не згрешат. Некои луѓе мислат дека можат да замислат суштество кое било слободно но немало можност да погреши, но јас не можам. Ако едно нешто е слободно да биде добро, тогаш е слободно и да биде лошо. А слободната волја е она кое го овозможи злото. Зошто тогаш Бог им даде слободна волја? Бидејќи слободната волја, иако го прави злото возможно, е единственото нешто кое ги прави љубовта и добрината и радоста  вредни да се доживеат и да се имаат“.

Концептот на слободна волја е поврзана со религијата како што се многу политички идеологии - и нашите закони се базирани на идејата дека нашите акции се намерни, со знаење и самоконтрола.

Марсел Брас, професор по когнитивна психологија на Кент Универзитетот го кажува сето ова на поинаков начин:

„Постојат два поими - првиот е психолошки, со прашањето - колку слободни сме ние?“

Ова се однесува на тоа колку сме ние определени од нашата средина.

„Потоа, тука е и филозофското прашање на принципот на постоење на слободната волја - дали постои слободна волја или не?“


Група на невролози тврдат дека слободната волја е ништо повеќе од неопходна илузија создадена од умот.

Основата за ваква теорија за првпат била актуелизирана во еден истражувачки труд од страна на психолозите Ден Вегнер и Талија Витли во 1999 година. Тие предложија дека посакуваната акција е всушност несвесното изведување на однесувањето на умот.

Едноставно кажано, одлуките се предизвикани, а не се создадени.

Истражување објавено во „Psychological Science“ ја истражувало оваа теорија. Од кандидатите кои учествувале било побарано набрзина да изберат од неколку сетови на опции, пред да се уважи опција по случаен избор.

Кога учесниците поверувале дека тие ја направиле одлуката пред да се уважи случајната опција, кај нив имало поголема веројатност да пријават дека ја избрале токму таа опција.

Откритијата покажаа дека луѓето можеби ја преценуваат улогата на свеста и нејзиното влијание врз избраното однесување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука