X
 30.11.2023 Живот

Загатка која ФБИ им ја поставува на кандидатите за интервју за работа. Дали можете да ја решите?

Работата на ФБИ-агентите е многу тешка, а според некои податоци само 5 отсто од оние што аплицирале всушност ја добиваат.

Тие се подложени на различни тестови за да се утврди дали имаат потенцијал да работат, односно да размислуваат креативно.

За да се намали бројот на кандидати, лицето задолжено за интервјуирање мора да најде начин да ги открие силните и слабите страни, како и интелигенцијата на кандидатот за работа.

На „Тик-ток“ неодамна беше објавено видео во кое е поставена загатката што ФБИ наводно им ја поставува на потенцијалните кандидати за време на интервју за работа.

- Маж и жена излегуваат на пијачка на првиот состанок. Топол летен ден, па додека мажот и жената го чекаат својот оброк, и двајцата добиваа чаша студена вода. Жената се поти и е пожедна од мажот, па токму на почетокот пие три чаши студена вода со мраз, додека мажот пие голтка по голтка. Истиот ден подоцна, мажот испраќа порака до жената во која вели дека е болен и дека се чувствува исклучително слаб. Пред полноќ, полицијата го прогласува за мртов. Кога жената била однесена на сослушување, било утврдено дека и во нејзиниот пијалак и во пијалакот на мажот имало отров.

@themagicmatt What was in his drink?😳🥂#riddle#solve#trythis ♬ Damned - Kevin Sherwood
Прашањето е: Зошто мажот умрел, а жената не?


Решение: Жената била многу жедна, па брзо ја испила водата. Отровот се наоѓал во мразот, поради што внела мала количина отров во телото. Мразот не се стопил навреме за отровот да ја убие. За разлика од неа, мажот полека ја пиел водата, па мразот се стопил и отровот навлегол во неговиот организам.

Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот