Седумдесет и осумгодишниот Макс Оливер работи на брод за ловење јастози. Ако мислите дека тоа е неверојатно, не е ништо во споредба со неговата колешка - мајка му, која има
101 година.
Вирџинија Оливер работи на бродот три дена во неделата (во периодот од мај до ноември) во близина на брегот на Мејн, САД.
Овие мајка и син работат во тандем и имаат една од најризичните работи во земјата. Макс ги влече стапиците од водата, додека Вирџинија го мери уловот, чувајќи ги големите јастози, а пуштајќи ги малите. Вирџинија го работи ова од 7-годишна возраст - непосредно пред Големата депресија.
- Не ми е тешка работата. Можеби на некој друг би му била тешка, но мене не - вели таа.
Иако не ѝ е тешка работата, сепак, тоа не значи дека не е ризична. На пример, таа неодамна се исече толку лошо, што било потребно шиење. Токму поради овие ризици и нејзината возраст, ѝ било советувано да оди во пензија.
- Докторот ми рече: „Зошто ја работиш оваа работа?“, а јас му одговорив: „Затоа што ја сакам“ - вели Вирџинија.
Вирџинија не покажува знаци на забавување и не планира да се пензионира. Секој што ја прашува до кога планира да работи, таа има одговор: - Додека да умрам. И не знам кога ќе биде тоа.
Фото:
Instagram