Комбинацијата на работа и студии изгледа како совршена, но претставува предизвик за сите студенти-работници кои решиле да се обидат во двете сфери. Многу влади ги охрабруваат ваквите потези и поттикнуваат учење и работа во исто време, особено кога се работи за студенти во областа на образованието.
Ново истражување од „Glenda Quintini“ ни дава слика на ситуацијата во 23 земји и региони: Италија, Чешка, Белгија, Јужна Кореја, Словачка, Франција, Јапонија, Шпанија, Шведска, Полска, Ирска, Русија, Финска, Естонија, Северна Ирска, Австрија, Германија, Норвешка, Данска, САД, Канада, Австралија и Холандија.
Истражувањето открива дека просечно 39% од студентите во овие земји работат додека студираат. Процентите се разликуваат низ земјите. Така, во Италија процентот е помал - 15%, додека во Холандија надминува 60%.
Истото истражување открива и дека голем дел од студентските работи не се поврзани со областа на студирање.
Целосните резултати од истражувањето пронајдете ги
ОВДЕ.