X
 30.12.2019 Живот

Мултимилионер бара 10 луѓе да живеат со него на луксузен имот во Нов Зеланд

Германски мултимилионер бара љубезни луѓе што ќе живеат со него на неговиот имот, опишувајќи го местото како вистински рај.

Карл Рејпен веќе објави оглас во кој бара 10 лица што со него ќе го делат неговиот сон.

Неговиот имот од 220 хектари, наречен Авакино, се наоѓа на западниот брег од Северниот Остров и е проценет на 5,6 милиони долари.

- Тие ќе можат да живеат во куќи за по две лица и да делат убава винарница за состаноци и јадење. Ако сте заинтересирани да живеете со група интересни луѓе, ова може да биде нов и интересен живот за вас. Можете да уживате во пешачење, риболов, шопинг, пловење со кајак, набљудување птици, пливање и набљудување животни - се вели во огласот.

Рејпен вели дека може да аплицираат кандидати на возраст до 70 години, а исто така можат и да си ги донесат своите коњи на имотот.

bogat
Фото: Alamy


Рејпен го стекнал богатството продавајќи конзервирано ладно кафе и има значителни деловни и имотни интереси во Нов Зеланд, како и на меѓународно ниво.

Неговиот имот бил купен пред забраната на владата на Ардерн за странски сопственици на куќи, но сепак било потребно пријавување во канцеларијата за инвестиции во странство, која се согласила на продажбата, бидејќи бизнисменот имал средства и способност да ја трансформира земјата и да се грижи за неа.

Во рекламата Рејпен изјавува дека има „меѓународен бизнис“, но отсекогаш уживал да работи на фарми во Германија. Изградбата на Авакино траела 10 години.

- Сега, кога сè е завршено, би сакал да го делам овој рај со пријатни и љубезни луѓе - вели тој. Имотот се наоѓа на 90 минути од сите поголеми градови, помеѓу Тасманиското Море и реката Авакино.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот