X
 28.10.2018 Живот

Ова се годините кога сте најдобри во сѐ

Како што старееме, станува сѐ полесно да паднеме во стапицата да се чувствуваме како нашите најдобри денови да се зад нас. Но, не лажете се. Тоа важи само за одредени вештини. Со секој нов роденден имате причина да сте возбудени бидејќи сте сѐ поблиску до врвот на вашата среќа или, пак, најдоброто ниво на математички вештини или задоволство од телото.

Луѓето достигнуваат различни „врвови“ во текот на своите животи. Првите се некаде околу второ одделение, кога вештините за странски јазици цутат. Многу е полесно за децата да научат нови јазици отколку за возрасните, па способноста на едно лице да научи нов јазик е најголема на седум години.

Според една студија од 2010 година, способноста за учење и запомнување нови имиња, сепак, врвот го достигнува подоцна - на 22 години. За жал, способноста за помнење лица не се совпаѓа со оваа вештина. Ќе треба да помине уште една деценија пред да го достигнете врвот за тоа бидејќи луѓето најдобро помнат лица на околу 32 години.

Овие нешта се претежно исти без разлика на полот. Но, возраста на која ќе ја заработите најголемата плата е различна во однос на полот. Така, жените го достигаат врвот на платата на 39-годишна возраст, додека кај мажите тоа се случува на 48 години. Како и да е, двата пола имаат најдобри аритметички вештини на 50-годишна возраст.

На 51 година луѓето се најдобри во разбирањето на чувствата на другите. Врвот во однос на задоволството од сопственото тело се достигнува на 74-годишна возраст, а последно на времепловот е психолошката добросостојба, која, наводно, врвот го достигнува на 82-годишна возраст.

Има и еден квалитет кој врвот го достигнува два пати во текот на животот, а тоа е генералното задоволство од животот. Според една студија, тој го достигнува максимумот на 23 и на 69-годишна возраст.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот