X
 02.06.2016 Наука

Научниците докажаа дека ножот на Тутанкамон потекнува од вселената

Во гробницата на кралот Тутанкамон, египетскиот фараон од 14-от век п.н.е., бил пронајден нож кој потекнува од вселената, соопштуваат научниците.


Се работи за сечилото на ножот кој бил пронајден покрај мумијата на кралот, кое било направено од метеорит, објавуваат истражувачите од Политехничкиот универзитет во Милано, Универзитетот во Писа и Египетскиот музеј во Каиро.

Тимот од овие научници направил анализа со рендгенски зраци и ги објавил своите резултати во списанието „Meteoritics and planetary science“. Археологот Хауард Картер ја откри гробницата на Тутанкамон во 1922 година. Три години подоцна, два ножа, еден железен и еден златен, биле пронајдени покрај неговата мумија.



Технологијата денес овозможила научниците да докажат дека сечилото на едниот нож е направено од метеорит.

Ножот на фараонот содржи 11% никел, што е речиси трипати повеќе од количеството пронајдено во другите артефакти направени од железо. Освен тоа, тоа содржи остатоци од кобалт кои одговараат на оние од метеоритите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука