X
 30.12.2023 Економија

Вештачката интелигенција ќе предизвика дефлација во следните 25 години, предвидува инвеститор во „Опен АИ“

Винод Косла, милијардер и инвеститор во компанијата „Опен АИ“, очекува вештачката интелигенција да ја смени глобалната економија.

- Вештачката интелигенција треба да биде многу дефлаторна во следните 25 години - напишал Косла на социјалната мрежа „Х“.



Неговото предвидување доаѓа додека светот се соочува со голема инфлација. Во период на дефлација, цените паѓаат и тоа доведува до помала профитабилност за компаниите и стагнација на економскиот раст. Меѓутоа, Косла предвидува дека влијанието на вештачката интелигенција ќе ги направи помалку релевантни традиционалните мерки за економско здравје.

- Капиталот треба да биде оскуден некое време, сегашните мерки за БДП и економијата ќе бидат помалку релевантни, но стоките и услугите треба да ги има во големо изобилство - вели тој.

Фирмата на Косла инвестира 50 милиони долари во „Опен АИ“ во 2019 година. Инвеститорот, кој има 68 години, често зборува за вештачката интелигенција. Во декември рече дека вештачката интелигенција не е најголемата закана за светот и луѓето се фокусираат на погрешните ризици.

Извор: Business insider
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија