X
 22.10.2022 Политика

Нова политичка партија во Данска е водена од софтвер за вештачка интелигенција

Синтетичка партија е нова политичка партија во Данска која се надева дека наскоро ќе влезе во парламентот. Она што е интересно во врска со партијата е тоа што нејзиниот лидер е софтвер за вештачка интелигенција.

Аскер Стаунес, основоположникот на партијата и уметник-истражувач во невладината организација „Мајнд фјучр“, изјавил дека лидерот на партијата наречен Ларс е трениран за политики на дански партии по 70-тите години. Затоа, според него, партијата треба да претставува околу 20 отсто од денешните гласачи кои се симпатизери на партии што не се во парламентот.

Стаунес додал дека партијата е за луѓето што имаат сопствена политичка визија која сакаат да биде реализирана, но најчесто немаат пари или услови за да го направат тоа. На некој начин, лидерот Ларс е популист бидејќи неговите политики вклучуваат универзални основни средства за живот и интернет и ИТ-сектор кој е во заедничка сопственост на владата и приватниот сектор. Според Стаунес, Ларс не е совршен демократ.

Самиот Ларс не би можел да се кандидира за да влезе во парламентот бидејќи е софтвер, но човечките членови на партијата може да го претставуваат.

Синтетичката партија досега има само 11 гласа од 20.000 кои се потребни за да се кандидира на парламентарните избори.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика