X
 15.01.2015 Култура

Најдобрите и најпреценетите романи на 20-от век според Владимир Набоков

На видеото подолу можете да го слушнете рускиот писател Владимир Набоков, автор на „Лолита“ како ги чита првите реченици на романот и на руски и на англиски, откако понудил неколку кратки коментари за неговиот однос со неговата поранешна родна земја.

 

владимир


После неколку минути дискусија, можете да ги слушните неговите критики за критичарите. Во интервјуто за Париз, тој вели дека единствената цел на литературната критика е да им даде на читателите, вклучувајќи го и авторот на книгата, неколку информации за интелигенцијата на критичарот или неговата чесност или пак двете.

 

„Во недоумица сум и ме воодушевуваат фарбикуваните поими за таканеречените „големи книги“. Така на пример, „Смрт во Венеција“ од Ман, или хрониките на Фокнер може да се сметаат за рекем дела, или барем она што новинарите го нарекуваат „големи книги“; сето ова за мене е апсурдна заблуда“.


Според Набоков тие не се најдобрите и најголемите книги во светот, туку, како што вели тој, „најголемите ремек дела на 20-от век“ се:

„Одисеј“ - Џејмс Џојс
„Метаморфози- Франц Кафка
Санкт Петербург - Андреј Бели
Првата половина од книгата „Во потрага по изгубеното време“ - Марсел Пруст
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура