Познатиот египетски блогер Шериф Габер, кој се декларира како атеист, тврди дека повеќе нема надеж за живот во Египет и покрена веб-страница за собирање пари под наслов „Помогни ми да побегнам од Египет“, со што ќе се обиде да дојде до средства за да купи друго државјанство.
Со помош на видеото во кое тој бара донации, за само еден ден собра над 12.000 долари. Тој вели дека му се потребни 100.000 долари за да добие државјанство, на пример, на карипската островска држава Доминика.
Според Габер, иако нема криминално досие, тој бил неколкупати спречен од државните служби за национална безбедност да ја напушти земјата, а бил и затворан за богохулење.
Извор: МИА