Зимските празници се при крај, а студентите наскоро ќе им се вратат на секојдневните активности. Во меѓувреме се учи за испити и се предаваат задачи. Во овој хаотичен период, на студентите им е добредојдена секаква помош. Следните пет бесплатни апликации може да бидат корисни за учењето и други обврски.
„Волфрам Алфа“
„Волфрам Алфа“ е апликација која служи за помош во учењето. Апликацијата ги покрива сите подрачја, од физика до математика, информатика, географија и музика. Доколку имате нешто нејасно, оваа апликација би можела да ви помогне.
Фото: Pixabay
„Квизлет“
Ако треба да научите многу информации, „Квизлет“ би можела да ви помогне. Станува збор за апликација за компјутер со која може да креирате тестови за повторување. Тестовите може да ги решавате каде било.
„Форест: Стеј фокусд“
Доколку не може да се концентрирате на учењето бидејќи постојано проверувате што има ново на социјалните мрежи, оваа апликација може да ви помогне. Имено, таа овозможува да одредите колку време сакате да се концентрирате на нешто, односно да не го користите телефонот, а за тоа време во апликацијата расте дрво. Ако одлучите да го користите телефонот пред да истече времето, дрвото се руши.
Фото: Pixabay
„Анки“
Слично како „Квизлет“, оваа апликација ви помага да учите со картички на кои може да ставите секакви податоци. Апликацијата користи сложен алгоритам со кој почесто ви ги покажува картичките кои ви се потешки за помнење.
„Мај биб“
Станува збор за бесплатен додаток од „Гугл хром“ кој се користи за автоматско генерирање референци на користената литература. Треба да го инсталирате додатокот, а тој ќе ви ја напише референцата на литературата која ви е отворена во прелистувачот.
Извор:
Studentski
Фото: Pixabay