400 кандидати се пријавиле за упис на вториот уписен рок на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола.
Вториот уписен рок продолжува и утре, а оние кои нема да успеат да се пријават на овие два, УКЛО спроведува и трет уписен рок на 14 септември.
На вториот и третиот уписен рок, можат да се запишат кандидатите со училишна матура и завршен испит. Според конкурсот, УКЛО располага со вкупно 3.803 места од кои 2.090 се во државна квота, 965 со кофинансирање и 748 места за вонредни студии.