Факултетите ги отвораат своите врати за студентите и на тој начин го трасираат патот за поголема економска сигурност и позиција во опшеството. Само пред неколку години САД беа водечка држава по дипломирани студенти, но таа бројка се намали.
Овој факт предизвика загриженост кај лидерите на земјите кои намеруваат да го зголемат бројот на дипломирани од 43% на 64% за студентите од 25 до 34 години.
Очајни амбиции бараат очајни мерки. Токму поради тоа многу американски држави ги поставија своите цели на повисоко ниво, со цел да ги зголемат своите шанси да станат лидери во универзитетските цели.
Реформите во образованието како што е и водедувањето на казни на училиштата кој нема да имаат висок резултат на тестовите доведе до ново истражување. Целта на ова истражување беше анализа на влијанието на тестовите врз образованието и знаењето на студентите.
Истражувањето неодамна било објавено во „
The high school journal“ и ги покажува последиците на ваквите реформи врз академскиот успех на студентите. Откриено е дека ваквите реформи може да ги спречуваат студентите во успехот.
Во текот на истражувањето било откриено дека тестирањата во текот на образованието кои се направени за проверка на професорите, но и знаењето на студентите претставуваат притисок за професорите и го спречуваат напредокот. Професорите се фокусираат на подготовката за испит на студентите наместо на предавањето она што е потребно и помагање на совладување на вештини.
Во светот веќе постојат алтернативни методи за охрабрување на студентите за студирање без проверки на знаењето кои ги препорачуваат аналитичарите.