X
 31.03.2019 Култура

Оваа компанија ќе ви плати да гледате филмови

Доколку обожавате одеднаш да гледате по цела сезона од некој филм, ова можеби е вистинската работа за вас. Пред премиерата на последното дело на „Марвел“, „Одмазници: Крајна игра“, која е закажана за 26 април, „Кејбл ТВ“ бара кандидати кои ќе изгледаат 20 филмови на „Марвел“ за само три дена, а наградата за тоа се 1.000 долари.

„Кејбл ТВ“ бара лице кое е активно и екстровертно на социјалните мрежи за да ги гледа филмовите и да твита. Победникот исто така ќе треба да ги споделува впечатоците од филмовите за да направи рангирања во соработка со „Кејбл ТВ“.

Освен паричната награда од илјада долари, победникот ќе добие и опрема за преживување на маратонот, во кој, меѓу другото, ќе има апарат за пукање пуканки, шолја и други нешта со дизајн инспириран од делата на „Марвел“.

Филмовите ќе се гледаат во три фази, а крајниот рок за аплицирање е 15 април.

Тука можете да си ја пробате среќата (само ако сте жител на Америка, за жал).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура