X
 10.02.2017 Култура

Британскиот филмски институт го прогласи најдобриот филм на Балканот

Британскиот филмски институт процени дека филмот на Емир Кустурица, „Подземје“, е најдобар на Балканот. Одлучено е покрај кино верзијата на ДВД, да се направи и подолга верзија од филмот, како и мини серија.

kusturica

Британскиот филмски институт објави листа на десет најдобри балкански филмови, а на листата се најде и „Собирачи на перја“ на Александар Петровиќ од 1967 година, филмот на Душан Макавејев „Невиност без заштита“, „Татко на службен пат“ на Емир Кустурица...

Во соопштението институтот наведува дека иако југословенските филмови не се толку застапени во британските кино сали поради лошата дистрибуција и лошиот видео-запис, секој систем кој овозможи да реализираат автори како Емир Кустурица, Горан Паскаљевиќ, Душан Макавејев, Александар Павловиќ и други, кои реализирале во „црниот бран“, е систем на силна културна сила, вреден за споменување.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура